Живот

Почина Патрик Стјуарт, светот се простува од легендата на „Ѕвездени патеки“

Почина Патрик Стјуарт, светот се простува од легендата на „Ѕвездени патеки“

Британскиот актер Патрик Стјуарт, кој светската слава ја стекна како капетанот Жан-Лук Пикар во „Ѕвездени патеки“ и професорот Чарлс Ксавиер во „Икс-мен“, почина на 86-годишна возраст.

Стјуарт остави неизбришлива трага во филмската и телевизиската индустрија, со кариера која траеше повеќе од шест децении.

Покрај холивудските успеси, беше познат и по своите театарски улоги, особено во делата на Шекспир. Во 2010 година, кралицата Елизабета Втора му додели витешка титула за неговиот придонес во драмската уметност.

Неговите незаборавни улоги ќе останат дел од филмската историја и во сеќавањата на милиони обожаватели ширум светот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни