Македонија

Мицевски: Не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот (ВИДЕО)

Мицевски: Не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот (ВИДЕО)

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека не се против внесувањето на Бугарите во Уставот, што е спротивно на ова што го говори лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

РСЕ: Зошто сте против внесувањето на Бугарите во Уставот?

„Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот. Меѓутоа ние не завршуваме тука со проблемите, еве со отворање на Уставот и внесување на Бугарите, ние имаме одредена преговарачка рамка, каде што билатерален проблем, којшто се појави годиниве од потпишувањето на тој фамозен Договор со Бугарија за добрососедство и соработка се јавува како проблем“, вели Мицевски.

Тој додава:

Во 2007-2008 година Бугарија влегува во Европската унија. При влезот потпишува документ дека нема нерешени прашања со соседите, од каде сега излегуваат овие прашања, проблеми или комисии кои решаваат одредени прашања кои нас не тангираат, како тоа до 90-тите години немаше проблеми со Бугарија, по однос на одредени прашања, а сега гледаме комисија меѓу двете држави решава одредени прашања. Се решаваше средниот век, сега се оди на решавање на друг период, па ќе дојдеме до Илинденското востание, тука се проблемите коишто произлегуваат. Никој не може да ме убеди дека ова се последни пречки што доаѓаат од страна на нашиот сосед, за жал.

Со промената на името на граѓаните им се случи една огромна и тешко прифатена работа, меѓутоа очекувајќи дека тоа ќе биде последната пречка за влез во НАТО и ЕУ, многу од граѓаните, како да кажам, иако тешко ги прифатија овие работи гледајќи во иднината потајно очекуваа дека тука завршуваат сите проблеми. За жал, на нас повторно ни се наметуваат проблеми и повторно истите или слични луѓе од Европа доаѓаат и не убедуваат дека решавајќи го овој проблем, ќе биде последен. Не. Кога директно разговараме со луѓето и кога бараме од нив потврда дека навистина нема да има проблем никој не сака да застане и да даде гаранција. Кои се гаранциите за Република Македонија, дека при отворањето на кое било поглавје некој од соседите или членовите на Европската унија нема повторно да оспори или да стави вето на одредено поглавје или продолжување на преговорите со Европската унија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни