Свет

ВИДЕО: Згради се уриваа како кули од карти, 600 лицасе уште заработени под урнатините

ВИДЕО: Згради се уриваа како кули од карти, 600 лицасе уште заработени под урнатините

Југоисточниот дел на Тајван го погоди силен земјотрес. Околу 600 луѓе останаа заробени во планинската област на островот, а евидентирана е огромна штета на инфраструктурата низ целата земја. Се урнаа неколку згради.

Источноазиските метеоролошки станици и организации веднаш по земјотресот издадоа предупредување за можна појава на бран цунами.

Ова сега е потврдено, а се очекува бран висок еден метар , создаден како директна последица на земјотресот, да го погоди брегот на Јапонија во следните неколку часа, пренесува билтенот за цунами .

Во 13 часот и 40 минути Се појави застрашувачко видео на кое покривот на училишната сала во областа Баде, каде децата играа бадминтон и тренираа,  се урна како да е од слама .

Некои од луѓето кои се гледаат на видеото не успеале навреме да излезат од салата, пред таа да се урне. Се уште не е познато дали успеале да поминат без повреда.

https://twitter.com/MikeFaganTaiwan/status/1571451559254556672?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571451559254556672%7Ctwgr%5Eefad6b19598a801b86c9fcb421b13630f77f2fb2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fdnevnik.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fsnazan-potres-pogodio-jugoistok-tajvana-izdano-upozorenje-za-tsunami—742789.html

На социјалните мрежи се појави видео од работник кој го почувствувал разорниот земјотрес додека бил неколку стотици метри во воздух на градилиштето.

На видеото можете да видите како околу него се тресе целата структура на зградата во изградба, придружена со силен удар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни