Претседателот на државта Стево Пендаровски веднаш позади Емануел Макрон на последниот поздрав за кралицата Елизабета Втора.
„Ѕвоната биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на нејзиниот живот. Последен поздрав на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора во Вестминистерската опатија, каде беше извршена Државната погребна служба“, напиша на Фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски.
Меѓу светските лидери кои присуствуваа на мисата беа и Џо Бајден, Џастин Трудо, Емануел Макрон и Жаир Болсонаро, потоа шестмина поранешни британски премиери и бројни монарси, како јапонскиот цар Нарухито и кралевите на Белгија, Холандија, Норвешка, Шведска и Шпанија. Во катедралата беа и 18-мина членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и правнуците на Елизабета, Џорџ и Шарлот.