Македонија

Оливер Андонов ќе го брка Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ

Оливер Андонов ќе го брка Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов најави иницијатива за промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и смена на актуелниот прв човек на партијата, Христијан Мицкоски.

Според него време е за промени, за вистински личности со интегритет кои ќе ја вратат надежта и иднината во Македонија пред апатијата и срамот да не убијат како нација.

Иницијативата за промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ е на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО – ДПМНЕ иако се уште никој не знае кој е дел од оваа фракција.

Андонов пак во јавноста е познат како министерот со најкраток стаж во македонската политичка историја. Тој беше на чело на Министерството за внатрешни работи помалку од 24 часа, по што на негово место дојде Чавков.

Неговата прес конференција е закажана за денеска на пладне прес седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Промена на Мицкоски од лидерската позиција пред околу две години побараа повеќе истакнати поранешни функционери, меѓу кои и Ивица Конески, Никола Тодоров, Митко Јанчев, Никола Попоски, Сашо Мијалков, Ѓулистана Марковска, Даниела Рангелова, но ваквата иницијатива замре по неколку месеци. Дел од овие луѓе се вратија во партијата, дел се во затвор а дел од нив се повлекоа од политичкиот живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни