Македонија

Средба Османи – Урејола

Средба Османи – Урејола

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното Собрание на ОН, оствари средби со министерката за надворешни работи на Чиле, Антонија Урејола.

На средбата беа разгледани билатералните односи, при што Османи ги истакна заложбите за унапредување на соработката на полето на културата, економија, трговијата и инвестициите. Воедно, беа истакнати заемните заложби за динамизирање на бизнис релациите како област со потенцијал за развој на соработката во периодот што следи.

Соговорниците ги разгледаа можностите за забогатување на договорната рамка и потребата од динамизирање на соработката во рамки на мултилатералните организации.

Воедно, беа разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни