Без буџет, без локација каде ќе се одржуваат концертите и без план за активности. Вака, една од комисиите на Министерството за култура, опиша неколку апликации кои биле одбиени на конкурсот. Надлежните комисии од вчера започнаа со преразгледување на стотици апликации кои конкурирале за добивање на средства. Бројни реакции имаше околу „Скопскиот џез фестивал“, но претседателот на комисијата, Плеорант Гаши, објасни дека проектот е одбиен бидејќи не доставиле комплетна документација.
-Се обидов да го убедам, бидејќи порано не знам како било. Сепак, во раката го имам конкурсот, а во другата Вашиот предмет. Не ги задоволувате условите на конкурсот и поради тоа обврзан сум да не го потпишувам овој предмет, бидејќи ќе го прекршам законот. Наидов на глуво уво и тој рече дека ќе се жали во повисоките инстанции и дека ќе ја среди работата. – рече Гаши.
Гаши рече дека Комисијата направила пропуст со апликацијата на Фестивалот „Златно Славејче“ и одлучи да одобри средства за реализација на овој проект. Членот на Комисијата за драмски дејности, Исмет Рамадани рече дека комисијата не забележала пропусти по преразгледувањето на одбиените проекти. Според него, најмногу пари добил Македонскиот народен театар, потоа Драмскиот театар, и на крај Албанскиот театар.
Сепак, поплаки имаше и за проектите кои поминаа, бидејќи како што велат апликантите, биле одобрени малку пари.
-Доколку се аргументира дека средствата се малку, тогаш ќе видиме и ќе седнеме да поразговараме. Ќе бидат пуштени средства доколку е потребно. – рече Рамадани.
Комисиите немаат одреден рок за колку време треба да ги разгледаат апликациите. Од Министерството за култура велат дека одлуките за одбиените проекти ќе бидат поништени доколку се утврди дека имало нерегуларности, по што ќе се дополни листата на проекти. До ресорното министерство пристигнале 5.560 апликации, од кои 2.781 се одобрени.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА