Македонија

ФОТО: Владата и Собранието веќе го користат новото име Република Северна Македонија

Откако Владата вчера попладне соопшти дека уставните измени и официјално стапуаваат во сила, почна да го користи новото уставно име Република Северна Македонија.

Во комуникацијата со останатите институции, но и со медиумите и јавноста, на соопштенијата стои името Република Северна Македонија. Името го смени и Собранието во нивните официјални соопштение.

Според процедурите, тоа треба да го направат и останатите државни институции. Денеска воедно започна менувањето на таблите на граничните премини, а во следните три дена треба да се сменат таблите и на институциите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни