Високи функционери на НАТО велат дека во текот на денешниот ден очекуваат да пристигне дописот од официјално Скопје, дека уставните измени, направени во согласност со Договорот од Преспа стапија на сила и дека државата почнува да го користи името Република Северна Македонија.
Кога ќе го добијат дописот, Генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг, но и сите функционери на НАТО, како и претставниците на 29-те земји членки во нивните обраќања ќе го употребуваат новото име Република Северна Македонија, јавува новинарот на ТВ21 од Брисел, Бесир Арифи.
Терминот кој е користен до сега ПЈРМ (FYROM) нема повеќе да се употребува. Воедно како што велат фисоки функционери на НАТО, нема индиции дека некоја земја членка нема да го ратификува протоколот за членство, па поради тоа очекуваат најдоцна до пролет 2020 година Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка со право на глас, односно одлучување.
До тогаш, државата ќе има свое столче на состаноците, ќе учествува на дебатите, мислењето ќе биде слушнато, но без право на глас.
Од Брисел Бесир Арифи, Репортер на ТВ21