МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
5 Берово, 7 Попова Шапка, 8 Битола, Крива Паланка, 9 Скопје-Петровец, 10 Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Претор, Маврови Анови, Крушево, 11 Штип, 12 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, 13 Гевгелија, 14 Дојран, 17 Демир Капија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и утрово времето е умерено до значително облачно со слаб до умерен, наместа повремено и засилен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Од пладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои до вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. Локално во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.