Во попладневните и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата.
Во крајните западни делови се најавуваат и врнежи со количини од над 25 l/m2 што може да предизвика зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците во тие делови на земјата, а исто така доколку врнежите бидат од пороен карактер и просторно бидат сконцентрирани во градските урбани средини, можна е локална појава на одредени проблеми во население места.
Препорачуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денов, посебно во западните делови на земјата.