Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денска во името на државата првпат ќе седне на министерскиот состанок на НАТО заедно, рамо до рамо со своите сојузници на Алијансата.
Министерката беше пречекана од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг изрази големо задоволство од посетата на министерката Шекеринска и истакна дека сите се инпресионирани од напредокот на земјата. Притоа додаде дека по подигањето на знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, се очекува денес во седиштето на НАТО да го сторат истото, знамето на Македонија да се вее со знамињата на другиче членки.
„Прво да изразам задоволство од посетата на Шекеринска. Ова е одличен момент за сите нас, навистина сме импресионирани од напредокот на земјата. Вчера знамето на НАТО беше поставено пред вашата Влада во вашата земја Северна Македонија, а очекувам дека и знамето на Македонија да се вее тука“.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека и е голема чест и гордост да се биде дел од НАТО Алијансата.
„Гордост е за мене и мојата земја да се биде тука. Покажавме дека промените се можни и во овие времиња, и дека ги решивме сите проблеми со соседот. Покажвме дека сме способни да најдеме вистински решенија за нашите граѓани пред се.“, рече Шекеринска.