На граничниот премин со Грција, „Богородица“ веќе е наместена новата табла со натписот „Република Северна Македонија“ на двата јазика, македонски и англиски.
Во рок од три дена Царинската управа треба да постави табли и на останатите гранични премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија.