Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори, затоа што знаат дека ќе загубат

„Зоран Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори. Бегаат од избори затоа што знаат дека жестоко ќе ги загубат а народот ќе ги казни за сите штетни политики.“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција.

„Ова кукавичко бегство на Заев да се соочи со граѓаните е најдобар доказ дека вистинските анкети говорат дека власта е без поддршка од народот и дека Заев губи.

Образложението дека ќе се закочеле реформите и затоа ќе немало избори е само параванот зад кој што стои стравот од поразот на избори. Едно е сигурно а тоа е дека токму владата е главната пречка за сите реформи и затоа треба да падне.

СДСМ и Заев се во голема паника и страв. Сега добро се гледа дека лажни беа сите удирања во гради на Заев и на водството на СДСМ дека не се плашеле од избори, а гледаме како во пракса молат Бога да нема. А не сакаат избори затоа што ќе ја загубат власта, која за нив значи пари, богатење, заштита на криминалот и на непотизам.

Да не заборавиме дека оваа власт опстојува вештачки, без реална поддршка од граѓаните, беше формирана без мнозинската поддршка од народот, сега одбива да се соочи повторно со граѓаните.

Не е до реформите, Заев и СДСМ несакаат избори, затоа што така ќе си ги загубат привелегиите, криминалните тендери, непотоизмот и можностите за корупција и затоа што треба да одговраат пред словото на законот за сето ова.

А СДСМ и Заев немаат поддршка затоа што го урнисаа достоинството на државата, го сменија името и идентитетот, го нападнаа и погазија уставот, затоа што ја уништија економијата, затоа што единствени вработувања во земјава се оние на тетктите, стрините, браќата, сестрите, на децата на луѓето на власта, затоа што го ограбуваат стопанството, ги излажаа земјоделците, ги намалија пензии на пензонерите, го разораа здравството.”, додаде Стоилковски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни