Македонија

Биљал Касами легитимен лидер на БЕСА, Апелација ја одби жалбата на Африм Гаши

Апелациониот суд ја одби жалбата на Африм Гаши лидер на едното крило на Беса, поднесена преку адвокатката Дуња Туртурова, и донесе одлука дека првостепениот суд донел правила одлука на 26 октомври 2018 година.Во судскиот спор помеѓу двете страни, Основниот суд Скопје 2 минатата година во октомври донесе одлука со која се изјасни партијата е една и дека крилото на Биљал Касами е легитимно раководство на партијата.

По оваа одлука, Гаши излезе со прес конференција на која обвини дека првостепената одлука на судот е донесена првостепена одлука, врз база фалсификуваните документи од претходниот правен застапник на БЕСА.

На почетокот на 2018 година Беса се подели на два дела. Едниот го предводи Биљал Касами, а другото Африм Гаши. Двете страни одржаа конгреси на кои Касами и Гаши беа прогласени за претседатели. Гаши на неколку прес конференции обвини за фалсификат и најави кривични пријави.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни