Свет

Продаваат чипс со вкус на вагина: „Кога ќе го вкусите, ќе се сеќавате на вашите луди љубовни авантури“

Продаваат чипс со вкус на вагина: „Кога ќе го вкусите, ќе се сеќавате на вашите луди љубовни авантури“

Компанијата за закуски Chazz со седиште во Литванија лансираше чипс со вкус на вагина кои имаат „уникатен“ вкус за „храбри“ и „слободоумни“ поединци. Неговата цена е 615 македонски денари.

Компанијата со седиште во Литванија, чија веб-страница вели дека тие се „млади, храбри и општествено одговорни“, вели дека недостатокот на секс меѓу милениумците бил движечката сила зад чипсот.

– Овој катастрофален тренд го сфативме многу лично – се наведува во соопштението, а компанијата се повикува на истражување кое сугерира дека „милениумците имаат три пати помалку секс отколку што имале нивните родители на нивна возраст“.

– Откако ќе го вкусите, ќе се сеќавате на вашите најлуди љубовни авантури, вашата прва вистинска љубов – стои на официјалната веб-страница на компанијата.

Чипсот може да биде и хумористичен подарок за саканата личност „да започне романтична вечер“, се додава. Неговата цена е 9,99 € (околу 600 денари) и се дистрибуираат само во Европа.

Сепак, мнозинството беа згрозени од овој чипс, пишува Daily Star.

– Би сакал да мислам дека е шега, но се плашам дека не е – беше еден од коментарите.

– Не можам ни да разберам кому мислат да го продадат. А за аромата нема ни да се трудам да размислувам – беше друг коментар.

Овие 18+ чипсови се состојат од 56% компир, растително масло, малтодекстрин, сол, кромид, лук, шеќер, крем во прав, екстракт од квасец, природен вкус, регулатор на киселост (натриум ацетат), лимон во прав (сок од лимон во прав, природна арома) магдонос, црн пипер, природна арома на крем, антиоксиданс (лимонска киселина), ловоров лист.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни