Влијателниот престолонаследник на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман е назначен за премиер, функција која традиционално ја извршува кралот, јавува Ројтерс.
37-годишниот син на кралот Салман бин Абдулазиз ал Сауд, кој има 86 години, веќе се смета за де факто владетел на заливската држава.
Официјален претставник изјави за Ројтерс дека потегот е во согласност со претходното делегирање на должностите на кралот кај него.
„Принцот престолонаследник веќе секојдневно раководи со главните извршни органи на државата и неговата нова улога како премиер е во тој контекст“, рече функционерот.