Ситуацијата при потрага по возачот од возилото што излета во реката Вардар кај село Желино продолжува да се следи, но е непроменета – засега не пронајдено тело во реката.
ЕБР се повлече во 16.00 часот, бидејќи екипата нема услови за понатамошно пребарување, а истотака и ДЗС се повлекува од лице место, како и некои членови на семејството на исчезнатото лице се повлекле од лице место.
Нејасно е дали и понатаму ќе продолжи некој да трага по возачот или целосно акцијата е прекината.