Повеќе од 2 милиони луѓе на Флорида останаа без струја откако ураганот Иан дојде на копно.
Националниот центар за урагани ѝ додели на бурата категорија 4 на скалата од пет степени.
Официјални лица предупредија дека се можни дополнителни прекини на електричната енергија поради соборените далноводи бидејќи невремето и силните ветрови се движеа низ југозападниот дел на државата.
Тие предупредија дека прекините на електричната енергија ќе продолжат се додека не започнат операциите за обновување откако ќе помине ураганот Јен.
Најмногу прекини на струја се забележани долж западниот брег на државата во окрузите Сарасота, Ли, Шарлот и Колиер. Американските медиуми јавуваат дека енергетските компании рекле дека нема да ја обноват електричната енергија додека не помине ураганот, кој може да потрае и до два дена.
Пред да погоди ураганот, властите во Флорида повикаа 2,5 милиони луѓе да се евакуираат, но сега ги повикуваат сите што не го сториле тоа да останат на место бидејќи стана премногу опасно за движење.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од поплавени улици со автомобили однесени од водениот елемент. Има поплавени паркинзи.
Властите на Флорида предупредија дека опасноста се уште не поминала и дека жителите треба да ги следат препораките на службите.