Свет

За прв пат, населението на Германија надмина 84 милиони луѓе

За прв пат, населението на Германија надмина 84 милиони луѓе

Бројот на луѓе кои живеат во Германија за прв пат во историјата на земјата надмина 84 милиони, покажуваат податоците објавени во вторникот и цитирани од ДПА.

Во првата половина на 2022 година нивниот број се зголеми за 843 илјади или 1%, објави Федералниот завод за статистика во Визбаден. Во текот на 2021 година, населението се зголемило за само 82.000 луѓе или 0,1%.

„Одлучувачки фактор за сегашниот развој е приливот на бегалци од Украина како резултат на руската агресивна војна“, објаснуваат од службата.

Според податоците, во првата половина од годината имало нето имиграција од околу 750.000 Украинци во Германија. Севкупно, нето имиграцијата изнесува околу 1 милион луѓе. Ова е седум пати повисоко отколку во првата половина на 2021 година.

Инаку, во тој период имало повеќе смртни случаи отколку родени, што влијаело на забавување на растот на населението. Во првите шест месеци од годинава починале 161.000 луѓе повеќе отколку што биле родени.

Според Федералниот завод за статистика, податоците за населението се пресметани врз основа на пописот од 2011 година. Веднаш по објавувањето на резултатите од пописот во 2022 година кон крајот на 2023 година, со пресечен датум на 15 мај, ќе има нов сет на податоци за пресметување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни