Македонија

Пронајденото тело во Вардар е на исчезнатата Даниела од Драчево

Вчера во водите на реката Вардар околу 13 часот кај мостот во Горно Лисиче, е извадено тело на жена. Обдукцијата покажа дека станува збор за исчезнатата 39-годишна Даниела П. која се бараше од понеделникот. Оваа информација ја потврди и МВР за МИА.

Телото вчера беше пронајдено и предадено на обдукција, а врз него не биле најдени траги на насилство.

Скопјанката Даниела се бараше од понеделникот кога нејзиното исчезнување го пријави нејзиниот сопруг.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни