МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-1 Лазарополе, 1 Маврови Анови, Попова Шапка, 2 Берово, 3 Крушево, 4 Тетово, 5 Крива Паланка, Претор, Битола, 6 Охрид, Скопје-Петровец, Виница, Дебар, 7 Струмица, Демир Капија, 8 Скопје-Зајчев Рид, 9 Штип, 10 Дојран, 13 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта дуваше слаб до умерен претежно северен ветер и само во североисточните делови се задржа умерена облачност. Утринава умерена облачност има на североисток и во делови од скопската котлина, а дува слаб променлив ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 18 степени.