Свет

Северна Македонија на дневен ред на агендата на министрите за надворешни на ЕУ

Република Северна Македонија денеска на дневен ред на состанокот на министерите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. По добиеното формалното известување од Скопје за употребата на новото име, Советот за надворешни работи на ЕУ денеска ќе нотира дека земјата го променила своето име во Република Северна Македонија.

Се очекува високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, која ќе претседава со Советот за надворешни работи, или еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кусо да ги брифираат министрите за стапувањето во сила на новото име, договорено од Скопје и Атина.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни