Со македонски знамиња и плакати на кои стои „Стоп за дискриминација“, „ЕУ практикувај го тоа што го проповедаш“ денеска во Охрид започна протестот против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“.

Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.
