Премиерот Димитар Ковачевски во гостување во информативниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека има разлика меѓу него и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Мицкоски на граѓаните им нуди да бидат горди ама сами и изолирани на една мала маса. Јас на граѓаните им нудам да бидат достоинствени, со крената глава и да седиме на големата маса во Брисел. Суштинската разлика е во тоа што јас сум дел од континуитетот на државноста на Република Македонија, од времето на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, кој да не заборавиме го потпиша првиот договор со Бугарија, од времето на Никола Кљусев, од времето на Борис Трајковски и секако од Зоран Заев со којшто влеговме во НАТО. Христијан Мицкоски е дел од дисконтинуитет на државата и државноста, а тоа е времето на Никола Груевски. Бидејќи во тие 11 години ние еден милиметар не се поместивме. Седевме сами и изолирани на мала маса. А сега седиме заедно, на голема маса во Брисел. Секој ден ги гледате извештаите и почнавме“, рече Ковачевски.