По речиси три години, Јапонија почна да прима посетители од странство. Земјата имаше некои од најстрогите мерки против КОВИД-19 во светот.
Ограничувањата за странските туристи, пак, од утре паѓаат.
Се отстранува и плафонот за пристигнувања од странство, кој досега изнесуваше 50.000 луѓе дневно.
Јапонија објави дека го враќа безвизниот режим за десетици земји. Сепак, останува условот да се влезе во земјата со негативен сертификат за ковид тест.
Во Јапонија и странците ќе мора да носат маски.