Свет

Пукање во кафеана во Братислава: Тројца загинати и еден повреден

Пукање во кафеана во Братислава: Тројца загинати и еден повреден

19-годишен маж уби двајца мажи и тешко повреди една жена во близина на популарен бар во центарот на словачкиот главен град Братислава, јави ДПА.

Инспекторите го утврдиле идентитетот на насилникот, кој полицијата утринава ја прогласила за мртов. Двајцата мажи биле  застрелани пред барот популарен кај ЛГБТИ заедницата.

Стрелецот на интернет признал дека го извршил злосторството, веројатно пред да се самоубие, пренесува словачки информативен сајт.

Мажот објави пораки на социјалните мрежи во кои изразува омраза кон сексуалните малцинства, како и „манифест“ кој содржи хомофобични и неонацистички идеи, се вели во извештајот.

Од утрово онлајн профилите на насилникот повеќе не беа достапни.

Полицијата првично одби да потврди дека двата профила му припаѓаат на младиот човек, ниту дека тој е изворот на говорот на омраза.

Премиерот Едуард Хегер го осуди денеска пукањето , велејќи дека за екстремизмот нема место во Словачка, објави Ројтерс.

„Неприфатливо е некој да се плаши за својот живот поради начинот на кој живее. Остро го осудувам вчерашниот напад во кој загинаа две лица. Не е дозволен никаков облик на екстремизам“, рече Хегер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни