Македонија

БДП во 2025 година пораснал за 3,8 проценти, по жител достигнал 9.859 евра

БДП во 2025 година пораснал за 3,8 проценти, по жител достигнал 9.859 евра

Економијата на Македонија во 2025 година остварила реален раст од 3,8 проценти, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика. Истовремено, бруто-домашниот производ по жител достигнал 9.859 евра.

Според објавените податоци, вкупната вредност на БДП во 2025 година изнесувала 1.105.239 милиони денари, што претставува номинално зголемување од 7,1 процент во споредба со претходната година.

Најголемо учество во создавањето на додадената вредност имаат секторите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, како и објекти за сместување и услужни дејности со храна. Нивното заедничко учество во структурата на БДП изнесувало 19,9 проценти.

Значаен придонес во растот имале и бруто-инвестициите во основни средства, кои забележале номинален пораст од 9,6 проценти во однос на 2024 година.

Финалната потрошувачка учествувала со 80,7 проценти во структурата на БДП, додека учеството на извозот на стоки и услуги изнесувало 60,8 проценти.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека станува збор за претходни податоци за економските движења во 2025 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни