Македонија

КСЗД утврди потешки форми на дискриминација од здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола

КСЗД утврди потешки форми на дискриминација од здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе препорака бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола, да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок не подолг од 30 дена. Исто така КСЗД го задолжи министерството за правда на изврши надзор над законитоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации.

-Ова се однесува на елементите кои предизвикуваат вознемирување врз национална, етничка основа, што е детално опишано во нашето мислење, во рок од 45 дена. Се препорачува здружението да ги отстрани содржин на својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикување на инструкции за вознемирување поврзани со ликот, делото на личноста Иван Михајлов во најкус можен рок, но не подолг од 30 дена. Најважно е дека се препорачува Министерството за правда да изврши надзор над законитоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, изјави Весна Бендевска, член на КСЗД.

КСЗД на 4. август годинава изврши увид во клубот „Ванчо Михајлов“. Комисијата добила и претставка добиена од Здружение на граѓани.

-Комисијата нема законски надлежности да затвора. Таа утврдува или не утврдува било каква форма на дискриминација. Во предметов утврдивме потешки форми на дискриминација од здружението во Битола. Комисијата утврди индиректна дискриминација од Министерството за правда, затоа што му овозможило со регистрацијата на ова здружение, да се вознемири поголема група граѓани. Комисијата е должна да предложи и препорача начин на отстранување, истакна Бендевска на прес-конференција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни