„Европското јавно обвинителство потврдува дека го истражува купувањето вакцини против СОВИД-19 во Европската унија“, објави ЕП.
Причината е „исклучително високиот јавен интерес“. Во оваа фаза не се објавуваат повеќе детали.
За време на пандемијата, Европската комисија преговараше и договори стотици милиони дози на вакцини во име на земјите-членки.
Постапката постојано беше критикувана затоа што договорите беа само делумно обелоденети или затоа што имаше доцнења со испораката на вакцината, потсетува германскиот весник „Билд“.
Со месеци особено беше критикуван договорот за до 1,8 милијарди дози на „Pfizer/Biontech“ од пролетта 2021 година. Тогаш обемот на договорот беше проценет на 35 милијарди евра.
Според весникот „Њујорк тајмс“, за договорот пресуден бил личниот контакт меѓу шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и првиот човек на „Фајзер“, Алберт Бурла. Двајцата наводно си размениле СМС пораки.
Според извештајот од септември, Европскиот суд на ревизори не добил никакви информации за договорот. Европскиот омбудсман Емили О’Рајли остро ги критикуваше постапките на Европската комисија.