Македонија

ДВОЈНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Нов притвор за четворицата осомничени, ДНК анализите треба да откријат нови детали

ДВОЈНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Нов притвор за четворицата осомничени, ДНК анализите треба да откријат нови детали

Нови 48 часа притвор за четворицата осомничени за двете убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров. Кривичниот суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство за продолжување на краткотрајниот притвор, додека истрагата за двата случаи продолжува.

Надлежните интензивно работат на расчистување на убиствата, се сослушуваат сведоци и се анализираат прибраните докази со цел да се утврди улогата и евентуалната одговорност на секој од осомничените.

Во меѓувреме, завршени се обдукциите на телата на 62-годишниот маж и 76-годишната жена. Во Институтот за судска медицина се спроведуваат ДНК анализи и дополнителни испитувања, чии резултати се очекува идната недела да бидат доставени до Обвинителството.

Случаите предизвикаа вознемиреност кај жителите на Ѓорче Петров. Седумдесет и шестгодишната жена била пронајдена мртва од сопствената ќерка во домот во населбата Мирче Ацев, додека пет дена претходно во стан во Хром било откриено телото на 62-годишен маж со видливи повреди и траги од насилство.

Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека се преземаат континуирани мерки за заштита на граѓаните, со посебен акцент на повозрасните лица кои живеат сами. Полицијата апелира и за соработка од соседите и граѓаните кои располагаат со информации што би можеле да помогнат во расветлувањето на убиствата.

Истрагата продолжува, а клучни за понатамошниот тек на постапката се очекува да бидат резултатите од форензичките испитувања.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни