Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена. Ова се први снежни врнежи оваа есен.

Во овој период од годината на големо почнуваат прашањата за снегот – кога првпат ќе забели и тоа не само на планините, туку и во пониските делови?
Српскиот метеоролог Марко Чубрило ја претстави прогнозата за следниот период, до крајот на октомври, но и за првиот дел од ноември, а воедно го откри и дат
умот кога би можел да падне првиот снег во пониските делови во овој дел на Балканот.
Околу 20 октомври се очекува преместување на силен студен фронт кој би донел минливо, но посилно влошување, врнежи и значително заладување со снег на планините.
Сепак, метеорологот вели дека деновиве ќе имаме појасна претстава за развојот на времето околу овој датум. Од друга страна, моделите прилично се согласуваат во проценката дека конкретниот пресврт кон постудено време ќе се случи дури на крајот на месецот, додека за деновите по 7 ноември во моментов има сигнал за можна појава на снег и во пониските предели“, вели Чубрило и додава дека оваа информација е предмет на промена. Тој го посочува она што засега е сигурно.