Најмалку 11 лица загинаа, а 15 се ранети на руски воен полигон, откако двајца вооружени напаѓачи отворија оган врз група доброволци кои се подготвуваа да се борат во Украина, јави Ројтерс, повикувајќи се на РИА Новости.
Руската новинска агенција го цитираше соопштението на Министерството за одбрана во Москва ,
кој соопшти дека двајцата напаѓачи биле убиени по нападот во југозападниот руски регион Белгород, во близина на границата со Украина. Агенцијата додаде дека напаѓачите потекнуваат од поранешна советска република, но не даде повеќе детали.
„ За време на обука за пукање со лица кои изразиле доброволна желба да учествуваат во специјалната воена операција [против Украина],
терористите отвориле оган со лесно оружје против персоналот на единицата“, соопшти Министерството. „Како резултат на престрелката, смртно се ранети 11 лица. Уште 15 лица со повреди со различна тежина се пренесени во медицинска установа“, се додава во соопштението.
РИА не прецизира каде се случил нападот .
Властите во Белгород често ја обвинуваат Украина за напад на далноводи и складишта за гориво и оружје во градот. Киев не ја презеде одговорноста за нападите, потсети Ројтерс.
Асошиетед прес додаде дека двајцата напаѓачи биле дел од група волонтери за време на обука за пожари.