Во два окрузи на Уганда е објавено тринеделно заклучување додека земјата се бори со епидемијата на ебола, објави Би-Би-Си.
Баровите, ноќните клубови, местата за богослужба и местата за забава ќе бидат затворени во Мубенде и соседна Касанда и ќе биде во сила полициски час.
Овој потег е пресврт за претседателот на Уганда Јовери Мусевени, кој претходно изјави дека нема потреба од такви мерки.
Во последната епидемија починаа 19 лица во 58 регистрирани случаи .
Сепак, реалната бројка на загинати може да биде поголема.
Епидемијата започна на почетокот на септември во Мубенде, на околу 80 километри од главниот град Кампала.