Македонија

Граѓаните се жалат на млаките радијатори

Граѓаните се жалат на млаките радијатори

Се зголемува бројот на граѓани кои се жалат на студени или млаки радијатори. Во ЕСМ пријавени 600 дефекти.

Компанијата објаснува- испораката е рационална. Опозицијата критикува- власта не е подготвена за грејната сезона…

На третиот ден од стартот на грејната сезона, се зголемува бројот на граѓани кои се жалат на студени или млаки радијатори.

Во ЕСМ пријавени околу 600 дефекти. Екипите на терен интервенираат по принципот „прв јавен, прв услужен“.

Компанијата уверува дека испораката е рационална, па како ќе паѓа температурата, така ќе се зголеми испораката на топлинска енергија.

Корисниците од денеска ќе ги потпишуваат новите договори. Опозицијата критикува дека власта неподготвена ја дочекала грејната сезона.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни