Несудената конзула Бесмир Ејупи била на работа во општина Петровец само 13 дена. Си замината како што вели градоначалникот откако не и се допаднале работните услови.
Инаку градоначалникот од МИОА барал административен работник, и таа му била доделена како лице со најмногу бода.
Погледнете ја целата емисија КОД која работеше на овој случај.
Ново-вработената во МНР, Бесмира Ејупи имаше безбедносен сертификат -државна тајна, доделен во експресна постапка уште во мај. Но по минатата емисија КОД, таа ја испочитувала законската обврска и го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а вечерва КОД, покрај тоа, има и истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк.
КОД открива и како во февруари 2022. се случил сериозен хакерски напад врз 4 големи банки во државата, како и за сајбер безебедноста на државните институции. Во продолжение целата емисија КОД.