Македонија

Премиерот е во Абу Даби, па пратениците ја скокнаа точката за избор на Ристо Пенов нов министер за локална самоуправа

Премиерот е во Абу Даби, па пратениците ја скокнаа точката за избор на Ристо Пенов нов министер за локална самоуправа

Пратениците доцна вечерва го усвоија дневниот ред од 88. седница на која пак прва точка на дневен ред е избор на член на Влада, односно нов министер за локална самоуправа. Новиот министер попладнево не дојде во Собрание, бидејќи не беше присутен ниту премиерот.

„Имајќи предвид фактот што предлагачот за првата точка од протоколарни причини е надвор со службена белешка не може да се отвори дебата. Продолжуваме со втората точка, предлог за избор на судии на Уставен суд на РСМ“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

Пратениците продолжија расправа по втората точка, на која најчесто збор земаат пратениците од опозицијата, а голем дел од пратениците од власта ја напуштија салата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни