Македонија

Предупредувачки штрајк на вработените во Македонски пошти

Предупредувачки штрајк на вработените во Македонски пошти

Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.

Плата за септември или прекин на работата. Ова е пораката од вработените во Македонски пошти. Тие од денеска почнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час.

Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час сè со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија. Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври. Целта е вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.

Законската обврска за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни