На улицата „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Р.А. од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот К.Р. од село Беровци, прилепско.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.А. додека К.Р. и М.Н.(66) Прилеп, сопатничка во возилото „Голф“, се здобиле со телесни повреди.
Со возила на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.