Во СВР Тетово било пријавено дека покрај локалниот пат за село Селце, на место викано Црн камен“, Н.Ф.(44) од Тетово пронашол рачен ракетен фрлач.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ. Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.