Македонија

Градоначалникот на Куманово за Пендаровски: Се срамам што те поддржав

Градоначалникот на Куманово за Пендаровски: Се срамам што те поддржав

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски кој се отцепи од СДСМ со Фејсбук статус вечерва во однос на изјавата на претседателот Пендаровски во Варшава.

Во продолжение неговиот статус интегрално:

“Народот кој што таму живее” ех Претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав но и што водев кампања за тебе. Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш.

– Имајќи почит кон функцијата која што ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција.

– Надминал македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал појак.

Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни