Македонија

Вељаноски се спаси од комисијата – пратениците на пленарка ќе ја донесат конечната одлуката

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски рече дека комисијата со четири гласа „за“ и четири гласа „против“ по барањето притвор за пратеникот Трајко Вељаноски донесе одлука дека нема конкретен став во истото.

„Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече Богоевски.

Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни