Две возила утрово учествуваа во сообраќајна несреќа на раскрсницата пред зграда на МРТ.
Во моментов полиција го регулира сообраќајот поради несреќата, а на булеварот е создаден метеж.
Сообраќајот се одвива наизменично. Нема информации како дошло до несреќата, ниту за здравствената состојба на патниците.