Во тензична атмосфера на полноќ, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, откако претходно процедурално поторно се јави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој инсистираше на паузата која не ја добил од еден час, притоа рече дека се уште не се знае за што ќе гласа Собранието кога комисијата нема заземено став по однос на барањето на притвор на пратеникот Трајко Вељаноски.
Инаку на 89. седницата на Собранието тоа беше единствената точка на дневен ред. Претседателот на Собранието Џафери рече дека дополнително ќе каже кога ќе продолжи оваа седница, но со оглед на тоа дека според деловникот до полноќ требаше да се случи гласањето околу тоа како Собранието ќе одговори на барњето на судот за одземање на пратеничкиот имунитет и одобрување на притвор за Вељаноски.
Џафери ја прекина седницата, тензии во Собранието околу притворот на Вељаноски
Џафери ја прекина седницата, тензии во Собранието околу притворот на Вељаноски
Gepostet von TV21 am Sonntag, 24. Februar 2019
Аргументите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа дека одлуката за притворот е донесена на друго место, а Собранието само е место каде треба да се изврши егсекуцијата.
Павле Богоевски кој е претседател на комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања на неколку пати во реплики рече дека постапуваат по барање на судот и дека е должност да се постапува по барање на судот и дека досега не била закочена работата на судот.