Македонија

Заев: Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на македонски јазик!

Нашиот македонски сон стана реалност, напиша на Фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на договорот за Фронтекст меѓу ЕУ и Македонија.

„Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик. Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на којшто стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија. Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на македонски јазик! Сега веќе не треба да веруваме, сега веќе знаеме зошто беше храброста, решителноста, визијата… Успеавме ! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет ! Радувај се мој македонски народе !Испишавме историја!“, напиша Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни