Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

Османи: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград

Османи: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда.

ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни