Главната тема на претседателските избори треба да биде иднината на нашата земја и како до подобар живот за нашите граѓани, одговара министерот Никола Димитров во неделното интервју за Радио Слободна Европа на прашањето дали досегашните настапи на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ , Гордана Силјановска која како главна тема во кампањата го наметнува токму Преспанскиот договор .
„Мислам дека главната тема на претседателските избори треба да биде иднината на нашата земја. Како до подобар живот за нашите граѓани, како да не се мислиме што ќе биде со нас, дали ќе не биде и тука ќе се судрат двата наративи, едниот на надежта и другиот на стравот. Јас мислам се работи за последни денови овој процес на широки консултации околу кандидати за претседател е при крај“, изјави Никола Димитров – министер за надворешни работи.
Не гледам после вакви честитки и восхит од меѓународната заедница, што ќе донесе ако се вратиме назад кон проблемот. Реакциите укажуваат дека проблемот бил многу тежок и растојанието било значително меѓу позициите на двете страни.На прашањето дали би прифатил да биде консузуален претседател Димитров вели .
„Јас сум фокусиран на мојата работа, тоа може да звучи како клише, ама имаме уште многу работа. Договорот влезе во сила, има уште многу околу имплементацијата“, додава Димитров.
Според Димитров важно е владата во идниот претседател да има принципиелен партнер .Според најавите на Премиерот Заев кој што деновиве има средби со коалициските партнери , името на заедничкиот кандидат би се знаело до 3 март.
ИЗВЕШТАЈ: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ