Денеска во работна посета на нашата земја ќе пристигне албанската министерка за одбрана Олта Џачка.
Џачка за време на престојот на Скопје, ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на собранието Талат Џафери, и со нејзината колешка, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Во текот на денот ќе следуваат изјави за медиумите.