Денешните собраниски седници број 86 и 88 се одложени, информираа од Собранието. На 86-тата седница, требаше да се расправа за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој патем денеска во 11:45 часот ќе одржи прес конференција.
„Ве известуваме дека 86. и 88. седница на Собранието на Република Северна Македонија свикани заденеска, се одложуваат“, информираат од Собранието.
Причината е поради отсуство на дел од пратениците кои се на службени патувања.