Учениците од битолското средно Техничко училиште беа претставени како истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Ваквото претставување доаѓа од Фондацијата „Бугарска меморија“ на бугарскиот тајкун Милан Врабески кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.
„Младите луѓе, кои се истомисленици на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во градот Битола, беа тука како составен дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење добрососедски односи со РС Македонија и европската интеграција на младите од двете страни на границата“, велат од Фондацијата на д-р Милан Врабевски.
Ова е објавено на фејсбук страната на фондацијата, како и на официјалнта веб страница, на која исто така има и фотографии од оваа посета.
Инаку, тие се во дводневна посета на Софија заедно со директорката на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, Жанета Сервини, како и заменик директорот Љупчо Здравковски.